Им пружи рака за помирување а тие го понижија: Еве како Меган и Хари брутално го ,,откачија” кралот Чарлс

Откако, наводно, кралот ги поканил да дојдат во Сандрингам за Божиќ , Меган и Хари тоа го направиле (не)очекувано.

Принцот Хари и Меган Маркл наводно поминале една недела на таен одмор со нивните две деца, Арчи и Лилибет, пред божиќните празници. Како што може да се види на CRHoy.com, четиричленото семејство ја избрало Костарика за своето патување , каде што престојувале од 14 до 20 декември.

Локалните медиуми објавија фотографии од Сасекси во количка, каде Меган и Хари беа со двегодишната Лилибет Дијана, а четиригодишниот Арчи, кој имаше интересни и необични желби за божиќен подарок, не се гледа во фотографиите.

Семејството изгледаше среќно и опуштено, додека малото девојче седеше во скутот на нејзиниот татко додека возат.

Интересно е тоа што семејството одлучило да отпатува за Костарика во време кога кралот Чарлс III наводно сака Хари и Меган и нивните деца да им се придружат за време на божиќните празници.

Семејството Виндзор празниците ќе ги помине во Норфолк, поточно во Сандрингем, каде покрај кралот, таму со семејството ќе биде и принцот од Велс, Вилијам, како и децата на кралицата Камила. Останува да видиме дали Хари ќе одговори на повикот и ќе дојде во Сандрингам по Божиќ.