Индија му ги помеша плановите на Пакистан: Донесена е итна одлука, светот е на еден чекор од нуклеарна војна?

Индија денес воведе непосредна забрана за увоз и транзит на стоки од Пакистан, објави Генералниот директорат за надворешна трговија на земјата.

„Директниот или индиректниот увоз или транзит на сите стоки со потекло од или извезени од Пакистан, без оглед на тоа дали влезот е слободен или на друг начин дозволен, ќе биде веднаш забранет до понатамошно известување. Ова ограничување е воведено во интерес на националната безбедност и јавниот ред“, се вели во соопштението.

Дирекцијата забележа дека секој исклучок од оваа забрана бара претходна согласност од Владата на Индија.

Тензиите по линијата на контрола меѓу земјите ескалираа откако терористи нападнаа група туристи во близина на градот Пахалгам во индискиот регион Џаму и Кашмир во вторник попладне. Загинаа 25 Индијци и еден непалски државјанин. Групата „Фронт на отпорот“, поврзана со терористичката организација Лашкар-е-Таиба, ја презеде одговорноста за нападот.

Како одговор на терористичкиот напад во Џаму и Кашмир, Индија презеде остри мерки против Пакистан, вклучително и протерување на воени аташеи, суспендирање на повеќе од шеесет години стариот договор за сливот на реката Инд и моментално затворање на копнената транзитна точка Атари.

Пакистанските власти, пак, објавија дека ја суспендираат трговијата со Њу Делхи, вклучително и преку трети земји, ги прогласија советниците за одбрана, морнарица и воздухопловство на Индија во Исламабад за персона нон грата, го затворија својот воздушен простор за авиокомпаниите на земјата и ги суспендираа сите билатерални договори.

Исламабад нагласи дека секој обид за запирање или пренасочување на протокот на вода што му припаѓа на Пакистан според Договорот за води на Инд, како и узурпацијата на правата на државите низводно, ќе се смета за чин на војна.