Индија: Патничкиот авион кој се урна во Авганистан не е наш

– Индија објави дека авионот што се урна во Авганистан не е нејзин.

Индиската Генерална управа за цивилно воздухопловство (DGCA) соопшти дека патничкиот авион кој се урна во покраината Бадакшан, во североисточниот дел на Авганистан, не ѝ припаѓал на Индија.

Забихула Амири, директор за култура и информации на покраината Бадакшан, претходно утринава изјави за новинарите дека индискиот патнички авион се урнал во планините Тохака, кои се наоѓаат меѓу окрузите Куран-Мунџан и Зибак.