Индија: Повеќето членки на Г-20 ја осудија војната во Украина, само Кина и Русија се спротивставија

  Повеќето членки на Г-20 денеска остро ја осудија војната во Украина, а не се согласуваат само Русија и Кина, изјави ротирачкиот претседавач на форумот Индија по состанокот на министрите за надворешни работи на Групата во Њу Делхи.

Заклучниот документ на Индија по состанокот во голема мера се задржа на текстот користен минатата недела по состанокот на министрите за финансии. Тогаш, исто така, Русија и Кина не се согласија со изјавите за осуда на војната во Украина. 

Гневните размени поради руската војна во Украина доминираа во разговорите на Г20, при што домаќините Индија изјавија дека несогласувањата значат дека нема да има заедничка изјава, јави Би-Би-Си.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека состанокот бил нарушен од руската „неиспровоцирана и неоправдана војна“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот за „уцена и закани“.

Индија сакаше да се фокусира на други прашања што ги засегаат земјите во развој, но разликите околу Украина биле „непомирливи“, пренесува Би-Би-Си. – Се обидовме, но јазот меѓу земјите беше преголем, изјави министерот за надворешни работи на Индија С Џаишанкар.

Г-20, која ги вклучува 19-те најбогати земји во светот плус Европската Унија, сочинува 85 отсто од глобалното економско производство и две третини од нејзиното население.