Наскоро, видеата на „Reel“ ќе можат да се преземаат, а не само да се зачувуваат на социјалната мрежа Инстаграм, како што е сега.
Од јуни, корисниците на Инстаграм од САД можат да го преземаат видеото на „Reel“, а не само да го зачуваат на споменатата мрежа, а оваа опција наскоро ќе биде применлива за корисниците ширум светот.
Оваа промена ја најави директорот на Инстаграм, Адам Мосери.
Сепак, и овде ќе има услов. Видеата преземени од Инстаграм ќе имаат воден печат, кој има лого на Инстаграм и име на профилот од кој е објавено видеото. Ова не е ново, бидејќи Тик Ток и Јутјуб веќе имаат нешто слично, а се е да се осигура дека преземената содржина покажува од која услуга доаѓа, доколку е објавена на друга услуга.
Друга работа е што „Reels“ со лиценцирана музика ќе се симнуваат без звук, па ќе се слушаат само оние со оригинален звук.