Ако објавувате сини, темни или сиви фотографии на Инстаграм, тоа може да биде знак дека страдате од депресија, откри новото истражување.
Тим истражувачи од Харвард и Универзитетот во Вермонт развија програма со која прецизно ги идентификуваше корисниците на Инстаграм со клиничка депресија, со точност од 70 проценти!
Во студијата на Ендрју Рис и Кристофер М. Данфорт, 166 профили на Инстаграм со 43.950 фотографии беа анализирани со компјутер со помош на специјални алгоритми .
Откриле дека луѓето чии фотографии се заматени, или затемнети или чиј интензитет на боја е послаб – имаат психолошки проблеми.
Насловите и коментарите прикачени на фотографиите не биле земени предвид, а врз основа на пикселите на секоја од нив откриле дека сините или сивите нијанси на боја се поврзани со знаци на депресија.
– Се обидовме да утврдиме какво однесување откриваат луѓето без да бидат свесни за тоа – изјави професорот Данфорт.
Пресметано е дека депресивните корисници на Инстаграм почесто „прикачуваат“ фотографии затоа што се осамени. Ваквите фотографии најчесто се без филтри, имаат малку „лајкови“, а во случаите кога се користел филтер – најчесто се црно-бели.
Корисниците на Инстаграм кои не се депресивни објавуваат фотографии кои се топли и осветлени.
– Додека некои корисници ја доведуваат во прашање етиката на овој тип на собирање податоци, уште еднаш се потврдува дека содржината што ја споделуваме на социјалните мрежи кажува повеќе за нас отколку што мислиме, сакаме, па дури и знаеме – заклучува професорот Данфорт.