Интересна мапа споделена на Фејсбук страницата Terrible Maps го прикажува најпопуларното јадење во земјите од Европа, а „претставникот“ на Македонија е сосема очекуван.
Најпопуларно јадење во Македонија е тавче гравче.
Додека најпопуларно јадење во Босна и Херцеговина се ќебапите, кои во мај најдоа место на листата на најпознати јадења ширум светот. Исто така, Taste Atlas ги смести на 45-то место на листата на најдобри јадења во светот.
Во мапата ја наведува плескавицата како најпопуларна во Србија.
Во Словенија се издвојува пршутата.
Пица беше наведена за Италија, паела за Шпанија и донер за Турција, а овие резултати предизвикаа бројни коментари на страницата „Terrible Maps“, каде многумина не се согласуваа со изборот. Многумина изјавија дека тоа се всушност најпопуларните јадења меѓу туристите.