Интересен податок! Фудбалерка на Англија има посилен шут од мажите! На ниту еден играч од Премиер лигата не му успеало ова! (ВИДЕО)

Фудбалерките на Англија се пласираа во четвртфиналето на Мундијалот, откако по подоброто изведување пенали ја совладаа селекцијата на Нигерија.

Клучниот пенал во возбудливата серија го реализираше фудбалерката на Манчестер Сити, Клои Кели.

По интересна серија, Кели со сите сили ја шутна топлата и ја „скина“ мрежата на Нигерија.

Англичаните со помош на специјална технологија пресметале дека топката по ударот патувала со брзина од 110,8 километри на час.

Колку овој податок е впечатлив најдобро говори податокот дека минатата сезона во Премиер лигата ниту еден стрелец не ја достигна оваа моќ на шутот.

Најсилниот удар кој ја затресе мрежата го забележа фудбалерот на Вест Хем, Саид Бенрахма – по неговиот удар топката патувала 110,2 километри на час.

Оваа дама ги надмина сите машки колеги!