Велика Британија ќе го разгледа признавањето на палестинската држава како дел од дипломатските напори за ставање крај на конфликтот со Израел, изјави министерот за надворешни работи Лорд Дејвид Камерон.
Тој на приемот во Лондон во понеделникот вечерта изјави дека потегот ќе помогне да се направи „решение со две држави“ – моментално блокирано од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се противи на тоа – „неповратен“ процес.
Според британските медиуми, пренесува Телеграф, лордот Камерон разговарал за потребата да се даде „на палестинскиот народ политички хоризонт“ во напорите да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас додека се обратил на приемот на арапските амбасадори во Парламентот.
Во меѓувреме, тој вети дека Британија „ќе стори се“ за да спречи „прелевање на конфликтот преку границите“ за време на посетата на Блискиот Исток.
Инаку, Нетанјаху се спротивстави на напорите на сојузниците, вклучително и САД, да добијат поддршка за предлогот, велејќи дека тоа ќе ја „загрози државата Израел“, додека го критикуваше „обидот да не принудат“.
Но, лордот Камерон објасни како ОК и сојузниците би можеле да го зголемат притисокот размислувајќи за признавање на палестинска држава во Обединетите нации.
„Треба да започнеме да дефинираме како би изгледала палестинската држава – од што би се состои, како би функционирала“, рече тој.
„Додека тоа се случи, ние, со сојузниците, ќе го разгледаме прашањето за признавање на палестинска држава, вклучително и во Обединетите нации.
„Тоа би можело да биде една од работите што помага да се направи овој процес неповратен.
Лорд Камерон оваа недела ќе ја оствари својата четврта посета на Блискиот Исток откако беше назначен за министер за надворешни работи во ноември, бидејќи бара деескалација на тензиите.
Почнувајќи од Оман, се очекува тој да повика на стабилност поради нападите на Хутите во Црвеното Море и итна пауза во конфликтот во Газа, бидејќи се обидува да работи дипломатски за да ја спречи војната меѓу Израел и Хамас да ескалира во конфликт.