– Трката за шампионската титула во италијанското фудбалско првенство може да заврши оваа вечер доколку лидерот Интер го совлада Милан во големото миланско дерби – „Derby della Madonnina“.
Интер води на табелата со 14 бодови повеќе од градскиот ривал Милан на второто место на шест кола до крајот на сезоната и со евентуална победа и математички ќе ја обезбеди титулата.
Во тој случај ќе уследи големо славје на навивачите на Интер, кои се очекува да го преплават најпознатиот милански плоштад „Пјаца дел Дуомо“, а според италијанските медиуми, нема опасност од судири меѓу навивачите на двата градски ривали.
Според угледниот весникот „Газета дело Спорт“, таквото сценариот е исклучено и води до настан од 1981 година
Таа година беше одржан турнирот „Мундијалито“ со учество на Милан, Интер, уругвајскиот Пењарол, бразилскиот Сантос и холандски Феенорд. За време на дуелот меѓу двата градски ривали дојде пресметката меѓу навивачките групи при што тешко беше повреден 21-годишниот Виторе Палмиери, кој три месеци подоцна им подлегна на повредите.
Тогашните челници на навивачките групи на Милан и Интер кратко време по смртта на Палмиери се ракуваа пред стадионот „Сан Сиро“, и склучија „пакт за невојување“ (Patto di non belligeranza).
Овој договор е еден од најстарите навивачки договори во Италија, кој трае до денес, а во меѓувреме се случија само помали конфликти и неизбежни вербални провокации, но без поголеми судири меѓу навивачите на Милан и Интер.