Тајванската инфлуенсерка и музичарка, Лиз Лин Руоју, која имаше повеќе од 144.000 следбеници на Инстаграм, почина на 36-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави во недела нејзиниот сопруг, кој сподели трогателна порака во нејзина чест на социјалните мрежи.
„Лиз отсекогаш беше девојка со насмевки, сонце и љубов. Иако нè напушти тивко, убавината и љубовта што ги остави зад себе ќе останат со нас засекогаш“, напиша тој.
Причината за смртта на оваа позната инфлуенсерка сè уште не е откриена. Лиз ги остави зад себе сопругот и малиот син.
Живот исполнет со убавина и креативност
Лиз стана позната по советите за убавина што редовно ги споделуваше со своите следбеници. Последен пат проговори на 3 јуни, кога објави видео на кое пробува различни модели на очила за сонце додека пазарува.
Таа беше позната по блиската комуникација со публиката, а нејзиниот сопруг откри дека таа никогаш не се сметала себеси за „инфлуенсер“.
„На социјалните мрежи, таа никогаш не се гледаше себеси како позната личност, туку како пријателка на сите. Се обидуваше да одговори на секоја порака бидејќи навистина се грижеше и ја ценеше поддршката од сите што ја следеа“, напиша тој.