Британскиот крал Чарлс Трети денеска пристигна во тридневна официјална посета на Франција, при што ќе се обиде да ги зајакне личните врски со францускиот претседател Емануел Макрон и да ја сврти страницата на тешките билатерални односи кои преовладуваат во последните години.
Авионот во кој патуваа Чарлс и неговата сопруга Камила слета на парискиот аеродром Орли, каде ги пречека француската премиерка Елизабет Борн, пренесува Ројтерс.
Кралската двојка потоа отиде од аеродромот до Триумфалната капија, каде заедно со францускиот претседател треба да положат венци на гробот на непознатиот војник и да ја прегледаат почесната единица на француската армија.
Инцидент се случил на патот кон Триумфалната капија. Автомобилот во кој се возела кралската двојка следел колона возила, а едното од нив излетало од патот и се удрил во ивичњак на тротоарот. За среќа, припадник на жандармеријата видел што се случува и го оттргнал од патот, па трагедијата била избегната во последен момент.
Кралот Чарлс планираше да ја направи Франција првата земја што ќе ја посети откако ќе стане крал, но патувањето планирано за март беше одложено поради протестите во Франција поради предложените пензиски реформи.