Инцидент меѓу двајца наставници во училиштето во Студеничани

Двајца колеги кои работат во училиштето Студеничан вчера за малку ќе поминеле со телесни повреди по тепачка што ја имале меѓу себе.

Случајот денеска го соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 11.12.2024 година во 13,20 часот на СПБ Скопје, пријавено е дека во основното училиште во скопското село Студеничан, Г.Ш.(33) од с.Студеничани се обидел да го нападне неговиот колега Б.М.“, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму, додаваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.