Во Собранието на Северна Македонија денеска се случи инцидент меѓу пратениците.
Инцидентот се случил меѓу лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Обезбедувањето и дел од пратениците спречија физичка пресметка меѓу лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Собранието на прашања од пратеници на опозицијата.
„Не ми се мешајте во семејството, гледате дека сестра ми ја малтретираат“, им викаше Апасиев на пратениците пцуејќи ги.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да не прерасне вербалниот инцидент во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и да даде 10-минутна пауза.