Оваа недела веста која ја објави шпански Мундо Депортиво одекна во светските медиуми. Сауди Ал Наср неодамна беше во Техеран, каде одигра натпревар од азиската Лига на шампиони со домашниот тим Персеполис, а Кристијано Роналдо и ја исполни животната желба на иранската сликарка Фатима.
Фатима е лице со попреченост и голем фан на португалскиот фудбалер кој се дружеше со неа и се фотографираше. Недолго потоа шпанските медиуми пишуваа дека Роналдо прегрнал и бакнал ирански сликар и со тоа ги прекршил строгите закони кои владеат во таа земја и дека во негово отсуство е донесена одлука Португалецот да мора да биде казнет со 99 удари, секако, ако некогаш се врати во Иран.
Сега иранската амбасада во Шпанија ги отфрли тие тврдења. „Силно го отфрламе тврдењето дека било каква пресуда е донесена против интернационален спортист во Иран. Сакаме да истакнеме како Кристијано Роналдо беше фантастично примен од иранскиот народ и властите. Неговата искрена и хуманитарна средба со Фатима Хамами беше пофалена и од луѓе и спортски функционери во Иран“, се наведува во нивното соопштение за медиумите.