Иранскиот претседател Ибрахим Раиси ги повика сите исламски и арапски земји да се обединат во војната против Израел.
Конфликтот меѓу Израел и Палестинците по упадот на Хамас на израелска територија денеска влезе во својот петти ден.
Повеќе од 1.300 луѓе беа убиени за време на нападот на Хамас во текот на викендот.
Израелската војска претходно соопшти дека Хамас држи најмалку 97 заложници, додека милитантната група тврдеше дека држи 130 луѓе. Израел брзо одговори на нападите со бројни ракетни напади. Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа надмина 1.300, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа.