Бројот на повредени лица во иранскиот напад со балистички ракети врз предградие на Тел Авив се искачи на 14, соопштија израелски власти. Во нападот се оштетени станбени згради и возила, а спасувачите извлекоа најмалку две лица од урнатините.
Нападот се случил во густо населена станбена област во близина на Тел Авив. Според последните информации, повредени се вкупно 20 лица, од кои тројца се во тешка состојба, додека едно лице починало.
Нов бран ракети од Иран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Иран испалил нов бран балистички ракети кон Израел, само неколку часа по двата претходни напади што погодија повеќе цели во Тел Авив.
Сирени за воздушен напад се вклучија низ целиот Израел, по што неколку минути се слушнаа гласни експлозии во Тел Авив и Ерусалим. Воени извори потврдија дека новиот напад бил извршен директно од Иран и дека биле погодени повеќе локации.
Во последниот напад беа повредени повеќе луѓе, додека во претходните напади беа повредени најмалку 35 лица, а една жена беше убиена.
Владата во бункер, цивилите во засолништа
На граѓаните им беше наредено да останат во засолништата, а подоцна им беше дадена дозвола да ги напуштат засолништата под услов да останат во нивна непосредна близина, во случај на понатамошни напади.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац моментално се наоѓаат во бункер каде, според официјалните информации, ја проценуваат ситуацијата по серијата одмазднички напади од Иран.
‼️‼️‼️📣 #BREAKING #IsraeliranWar #Israel #Iran
— THE MIRROR OF TRUTH (@yes_true8) June 13, 2025
3rd wave from Iran hits Tel Aviv again. This is apparently Trump’s idea of ending all wars…he probably mixed up the words ending and starting…reality shows are no longer funny. Another president who doesn’t get paid for a seat… pic.twitter.com/tNcaCntDPc
Одмазда за израелските напади врз Иран
Иран претходно испали две серии ракети и беспилотни летала кон Израел, погодувајќи повеќе цели, главно во Тел Авив. Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека во таа прилика погодиле објекти поврзани со производство на оружје.
Нападите на Техеран се одмазда за претходните израелски напади врз нуклеарната и цивилната инфраструктура на Иран. Нетанјаху рече дека Израел има повеќе ракети подготвени, додека сирените се огласија во Техеран вечерва во очекување на можни израелски напади.