Израелската армија објави дека се откриени лансирања на ракети од Иран и ги повика граѓаните да се придржуваат до безбедносните протоколи на Командата на домашниот фронт.
Војската соопшти дека израелските воздухопловни сили работат на пресретнување на дојдовни ракети, но нагласија дека одбранбениот систем на земјата „не е херметички затворен“.
Ракети паднаа во областа на Ерусалим и Тел Авив. Неколку експлозии се слушнаа над двата града, додека сирените за предупредување беа активирани од централен до северен Израел.
Израелските медиуми известуваат за најмалку четири места каде што е извршен удар на ракети на израелска територија. Засега нема детали.
Според извештаите на израелските медиуми, има повредени лица, а најмалку четири локации биле погодени од ракети во централниот и јужниот дел од земјата.
Последниот напад беше поголем од претходната серија.