Иран го подигна црвеното знаме на одмазда над куполата на џамијата Џамкаран по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије.
Црвеното знаме ја симболизира крвта на мачениците и повикува на правда и казна.
„Наша должност е да се одмаздиме“, изјави претходно денеска иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.
❗️🇮🇷⚔️🇮🇱 – A red flag was raised at the Jamkaran Mosque in Iran.
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) July 31, 2024
The last times this happened were on January 3, 2020, after the death of Qasem Soleimani, and on January 5, 2024, after the Kerman bombing.
Based on the nature of the various official statements, especially from… pic.twitter.com/jGpsZAbSi4
Последен пат знамето беше истакнато во пресрет на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел во април оваа година, пишува Kashmir Observer.
Потсетуваме дека политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије беше убиен денеска во Техеран.
Убиството, наводно, се случило неколку часа откако тој присуствувал на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.