Иран „не е подготвен за разговори“ додека израелските напади продолжуваат

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави за државната телевизија дека не е подготвен за разговори со никого додека продолжуваат израелските напади, пред планираниот состанок со европските колеги во Женева.

Арагчи пристигна во Женева, Швајцарија, на состанок со министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Обединетото Кралство, кои се обидуваат да најдат пат кон дипломатијата за деескалација на конфликтот околу нуклеарната програма на Иран.

Планираниот состанок е првиот голем дипломатски напор откако Израел започна напади врз Иран минатата недела.

Но, во коментарите за иранската државна телевизија, Арагчи рече дека не е подготвен да зборува додека Израел продолжува со нападот врз неговата земја, додавајќи дека „по нашиот отпор против Израел, мислам дека земјите ќе се дистанцираат од оваа агресија“.

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, кој ќе присуствува на разговорите во Женева, изјави дека верува оти „сега има прозорец во следните две недели за постигнување дипломатско решение“, по средбата со високи американски претставници во Вашингтон во четврток.