Иран погоди израелска болница со балистичка ракета, објавена е снимка од нападот

Иран и Израел продолжуваат да се напаѓаат едни со други и покрај повиците за деескалација на ситуацијата.

Аматерско видео објавено на социјалните мрежи го прикажува моментот кога иранска балистичка ракета ја погодува болницата Сорока во Бершеба, Израел.

Израелските власти објавија дека овој ракетен напад предизвикал материјална штета и повредени лица, пренесува Телеграф.

Црн чад продолжува да се крева од објектот што беше погоден од Иранците, и покрај фактот дека помина повеќе од еден час од нападот.

Израелското Министерство за надворешни работи објави „директен удар“ врз клучен објект каде што се лекуваат многу ранети израелски војници во Појасот Газа.