ИРИНА ГО ПОКАЖА ЖЕШКОТО ТЕЛО И затегнатата ФИГУРА: Русинката со раце ги држеше градите за да не испаднат од претесниот горен дел

Манекенката Ирина Шајк го украде центарот на вниманието на премиерата на филмот „Firebrand (Le Jeu De La Reine)“ во рамките на Канскиот филмски фестивал.

Една од најсексапилните жени на светот се појави на црвениот тепих во издание во кое откри многу гола кожа. Таа носеше провокативен кожен комплет со горен дел кој едвај и ги покриваше градите и здолниште со многу низок струк, па во преден план беше нејзиниот извајан стомак.

Нејзините фотографии брзо ги преплавија социјалните мрежи, но реакциите во јавноста беа различни.

„Прави галама во Кан“, „Ова издание воопшто не и ласка“, Едната и единствена Ирина“, „Убава е, ненормално жешка, ланчето и е многу убаво но тоа што го носи е страшно“ , „Грозна шминка, облека и фризура. Инаку изгледа подобро од овде“, „Убаво е, но не можам да го разберам ова издание“, се дел од коментарите на Твитер.

Таа беше фатена и на фотографии како постојано ги држи градите со рацете за да не испаднат од претесниот горен дел.

Многу подобри реакции предизвика со своето претходно издание за фестивалот, кога блесна во фустан со длабоко деколте и раскошни украси.

Ирина со своите 37 години и денес е една од најбараните и најуспешните манекенки, а е една од ретките познати дами кои не ја користат магијата на фотошоп или естетска хирургија.

Неодамна се појавија гласини за нејзиното помирување со поранешниот партнер, актерот Бредли Купер, со кој има ќерка. Двајцата беа во врска четири години, а ја изненадија јавноста кога објавија дека се разделуваат во 2019 година. Но, откако неодамна беа неколку пати видени заедно, се појавија шпекулации дека решиле да и дадат уште една шанса на својата љубов, која се уште не ја објавиле ниту еден од нив, пишува Дневник.

Бредли не е единствениот познат миленик на жените кои подлегнале на убавината на Ирина. Пред него таа пет години беше во врска со еден од најуспешните фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, кој набргу по раскинувањето со Ирина ја запозна љубовта на неговиот живот, Џорџина Родригез.

Друг заводник на нејзината листа на бивши е трговецот со уметнички дела Вито Шнабел, кој исто така ги бакнуваше манекенката Хајди Клум и актерките Мадалина Џенеа и Амбер Херд. Ја поврзуваа и со раперот Канје Вест со кој интензивно се дружеше додека тој се разведуваше од Ким Кардашијан, но долго време не се видени заедно.