Народна банка на Македонија соопшти дека девизните приходи преку иселениците продолжуваат да бидат во висок тренд.
Тие се оценуваат како многу важни за економијата на земјата и покриваат голем дел од трговскиот дефицит, обезбедувајќи значителна поддршка за девизните резерви и стабилноста на девизниот курс, пренесува ИНА.
Според последните податоци што ги објави Народната банка, нето-приливите од дознаки од иселениците во периодот јануари-септември 2023 година достигнуваат над 1,5 милијарди евра и се повисоки за околу 6,5 отсто во однос на истиот период пред една година. Но, тука не е вклучен периодот од последниот квартал од годината.
Во текот на минатата година дознаките достигнаа близу две милијарди евра (или околу 15 отсто од БДП).