Исклучително силен земјотрес ја погоди Индонезија – луѓето панично бегаат на повисоките места во страв од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди во вторникот западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), а истото предизвика предупредување за цунами.

Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени.

По земјотресот, чиј епицентар бил на длабочина од 84 километри, издадено е предупредување за цунами, објавија тамошните служби.

Агенцијата побара од тамошните власти веднаш да ги повикаат жителите да се држат подалеку од брегот поради опасноста.

По главниот, следеа серија помали земјотреси, од кои некои беа со јачина од 4 степени според податоците на БМКГ.

Земјотресот беше силно почувствуван во Паданг, административниот центар на провинцијата Западна Суматра, каде што многу жители се оддалечија од брегот“, изјавил жителот на Паданг Абдул за локалните медиуми, додавајќи дека засега не забележал поголема материјална штета.

Видео-снимките од локалниот весник ги покажуваат жителите на Паданг како одат до височините пеш и со мотори. Некои носеле ранци додека други се стуткале под чадори за да се заштитат од дождот.

На островот Сиберут луѓето веќе се евакуирани. Им беше кажано да останат во засолништа додека не се укине предупредувањето за цунами“, изјавил еден локалец за TvOne.

Земјотресите се вообичаени во Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ на Пацификот, сеизмички активна област каде што се спојуваат плочите на Земјината кора.

земјотресИндонезија