Пејачот Аца Лукас призна дека изгубил милиони со коцкање, но и дека не бега од своите пороци.
Како што истакна, за некои работи би зажалил, но не и за коцкање.
– Има еден сајт кој направи студии за тоа колку ВИП личностите на Балканот потрошиле за коцкање, па и јас бев вклучен таму. Таму пишува дека има извесен Аца Лукас од Србија, голема ѕвезда, уништен е. Пишува дека сум потрошил 70 милиони долари на коцкање. Морам да признаам дека за малку ќе го погодат, јас сум искоцкал малку повеќе. Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои клучни грешки. Ако се убиев, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум – рекол Аца.
Аца призна дека изгубил не стан во Белград, туку белградска населба:
– Некои ми велат дека сум прокоцкал колку стан во Белград. Човеку, колку сум среќен што сум прокоцкал само стан. Прокоцкав цела населба во Белград. Една голежа населба, најскапата. Ама добро, што ќе правиш. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има сè што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат сè што треба да имаат.
Лукас истакна дека не мисли дека е многу фраер, но жените сепак ,,паѓаат” на него.
– Мажите секогаш треба да бидат галантни. Јас не сум фраер, јас сум ништо. Лошо сум граден, смешно граден. Но, жените ме сакаат затоа што сум галантен и затоа што многу ги ценам и почитувам жените. Има и такви кои не се за почитување и со нив влегувам во клинч, како што се случи неодамна, но генерално ги сакам и почитувам жените – истакна тој.
Аца призна дека посетувал бордели.
– Посетував, посетувам и ќе посетувам бордели. Не реков дека отидов да користам услуги и дека одев кај жени. Има јавни куќи кои имаат добри барови и пабови. Имам пријатели кои чуваат бордели, често одам таму. Немам потреба да плаќам за такви услуги. Не морав кога бев помлад, а не морам сега. Има многу тенка граница помеѓу машката галантност кон жените и плаќањето за проституција. За малку ќе се скарав. Ако синоќа имав секс со жена или девојка, а утре видов убави чевли и сакав да и’ купам, испаѓа дека сум платил за секс – рекол Лукас во една прилика за српска „Република” .