Поранешниот претседател на Соединтите Американски Држави (САД), Бил Клинтон, изјави дека жали што ги убедил украинските власти да се откажат од нивната програма за нуклеарно оружје во 1994 година.
„Ако Киев сè уште имаше нуклеарен арсенал, Русија немаше да ја нападне Украина“, вели Клинтон, кој ова го изјави ова во интервју за ирската вести RTÉ, пренесува Kyiv Independent.
„Чувствувам лична одговорност бидејќи ја натерав Украина да се согласи да се откаже од своето нуклеарно оружје. Никој од нив не верува дека Русија би го направила овој избор доколку Украина сè уште го имаше тоа оружје“, вели Клинтон.
По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Украина стана трета по големина нуклеарна сила во светот. Но, во 1994 година, по разговорите меѓу САД, Русија и Украина, Клинтон објави дека Украина се согласила да го отстрани нуклеарното оружје од нејзината територија.
Во 1994 година, украинскиот претседател Леонид Кучма, рускиот претседател Борис Елцин, американскиот претседател Бил Клинтон и британскиот премиер Џон Мејџор го потпишаа „Меморандумот од Будимпешта“, според кој Украина се согласи да го отстрани нуклеарното оружје од својата почва, во замена за безбедносни гаранции од потписниците: САД, Велика Британија и Русија.
„Знаев дека претседателот Владимир Путин не го поддржа договорот на претседателот Борис Елцин за никогаш да не се меша во територијалните граници на Украина, договор што го направи затоа што сакаше Украина да се откаже од своето нуклеарно оружје“, изјавил Клинтон за RTÉ.
„Украина се плашеше да се откаже од нуклеарното оружје бидејќи мислеа дека тоа е единственото нешто што ги штити од експанзионистичка Русија“, додава Клинтон.
Во февруари 2014 година, Русија изврши инвазија и анексија на украинскиот полуостров Крим, прекршувајќи го, меѓу другото, „Меморандумот од Будимпешта“.
„Кога му стана погодно, претседателот Владимир Путин го прекрши меморандумот и го окупираше Крим. Се чувствувам ужасно поради тоа бидејќи Украина е многу важна земја“, вели Клинтон.
Тој, исто така, истакнува дека е важно поддршката на Западот за Украина да остане цврста.
„Тоа што го направи господинот Владимир Путин беше многу погрешно и мислам дека Европа и САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина“, заклучи поранешниот претседател на САД.