Пејачката Селена Гомез призна дека „лажела“ дека не ја погодиле негативните коментари за нејзиниот изглед и изјави: „Направив море од солзи во мојата соба поради тоа“.
„Лажев. Ќе влезев на интернет, ќе објавев фотографија и ќе си реков: Не е важно. Не го прифаќам тоа што го кажуваат“, изјави 30-годишната пејачка за Apple. ТВ+ документарниот серијал „Dear…“, објавен во четвртокот.
Гомез кажа дека и покрај тоа што се прикажува себеси како личност која не може да ја поколебаат коментарите на интернет, таа сè уште плаче во нејзината соба поради тоа бидејќи како што вели: „Никој не заслужува да слуша такви работи“.
„Постирав такви работи и тврдев дека тоа не ми пречи затоа што не сакав да им пречи на другите луѓе кои минуваа низ истото. Мислам дека е неправедно што мораме да се срамиме од тоа како изгледаме и поради тоа кои сме и кого сакаме. Никој не го заслужува тоа“, изјави пејачката.
Селена, на која и беше дијагностициран лупус во 2014 година, верува дека корисниците на социјалните мрежи „не можеле да чекаат“ да најдат причина да ја измачуваат, и покрај болните несакани ефекти од нејзината хронична болест.
„Се срамев што се здебелив поради лупус“, изјавила пејачката.