Индија пишува историја откако своето вселенско летало го спушти на Јужниот пол на Месечината.
„Чандрајан 3“ слета на површината на Месечината, со што Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината, пишува Би-Би-Си.
Сите претходни мисии на Месечината слетаа во близина на екваторот, но истражувањето на јужниот пол е клучно за потрагата по вода.
Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат ровер кој ќе испраќа слики и податоци назад на Земјата.
Да потсетиме дека претходниот обид на индиската вселенска програма да испрати вселенско летало на Месечината не успеа во 2019 година, а мисијата Чандрајан 3 доаѓа само неколку дена откако руското вселенско летало, прво во речиси 50 години што ја имаше истата мисија, се урна на површината на Месечината, пренесува Гардијан.