– Рускиот претседател Владимир Путин наводно е многу бесен на пријателите на 39-годишна олимписка шампионка во ритмичка гимнастика Алина Кабаева, за која се тврди дека е негова тајна љубовница и мајка на нивните деца, поради информациите што излегоа во јавноста за нивниот екстравагантен начин на живот.
Според овие информации до кој дошол независниот истражен тим „Проект“, Кабаева поседува „златна палата“ опкружена со шума, што се наоѓа на близу градот Валдај во реонот на Новгород, во чија близина е поставен систем за противвоздушна одбрана „Панцир“, кој би требало да ја штитите неа и нејзините деца. Се верува дека таа и Путин имаат меѓу две и четири деца, меѓу кои веројатно и близнаци и од кои најмалку едно е машко.
Покрај ова, како што наведува во извештајот на „Проект“, „во знак на благодарност затоа што му обезбедила наследник, Путин на Кабаева и подарил повеќе од 20 вили и апартмани, меѓу кои и во Сочи, кои се опремени во гламурозен стил со махагони, мермер, кожа и злато.
Кабаева наводно на располагање има и „ергела“ од лимузини „Мајбах“ и кога го напушта некој од нејзините домови ја придружуваат вооружени телохранители, како што било случај при една посетата на кафуле во Москва.
Таа е претседател на Одборот на директори на медиумската групација НМГ, која поседува контролен пакет во повеќе медиуми, кои важат за блиски до Кремљ. Наводно таа заработува речиси 14 милиони долари годишно.
Во извештајот на истражниот тим се посочува дека Путин бил бесен на пријателите на Кабаева, која е нарекувана „царицата на Русија“, затоа што во јавноста изнеле информации од нивниот приватен живот. Наводно дошло до жестока расправија меѓу Путин и Кабаева, при што тој урлал на неа, обвинувајќи ги нејзините пријатели дека „на секое ќоше зборуваат и што знаат и што не знаат“.
Во објава на „Телеграм“ се посочува дека досега никој не го видел Путин толку бесен, тврдејќи дека „има 100 процентно (сигурни) информации дека информациите дошле од кругот на пријателите на Кабаева“.
Врската меѓу Путин и Кабаева првпат ја обелодени руски весник во 2008 година, кој набрзо потоа беше затворен. Лондонски „Дејли мејл“ наведува дека и покрај напорите на Путин да ја држи во тајност нивната врска и детали од приватниот живот, сепак продолжуваат да кружат приказни за нивната романса и луксузниот начин на живеење. Во 2018 година, Кабаева исчезна од јавноста речиси три години, што ги разгоре сомнежите дека наводно му родила близнаци на Путин.
Уште во 2013 година кога во јавноста протекоа информации дека Путин се разведува од неговата тогашна сопруга Људмила, тој ги критикуваше оние кои „ѕиркаат во туѓи животи со своите растечени носеви и еротски фантазии“
– Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува, изјави тогаш Путин.
Путун се разведе од Људмила, која е поранешната стјуардеса на „Аерофлот“ и со која има две ќерки, во 2014 година. Многутокму Кабаева ја посочуваат како причина за разводот на Путин и Људмила. Но, според информации од кругови блиски до семејство, дури и додека бил во брак со Људмила, Путин имал љубовница. Тоа била Светлана Кривоногих со која бил во врска 15 години до 2008-та и која во 2003 му ја родила ќерката Елисавета. Ваквите информации беа демантирани веднаш по нивното објавување.