Исповед на Калиопи! Таа ги нападна колегите: „Сите можат да наполнат арена денеска, колегите ми понудија дуети, сите ги одбив“ (фото)

Македонската пејачка Калиопи Букле вели дека денес секој може да наполни арени и големи сали бидејќи сега музиката е многу покомерцијална отколку што беше.

– Останав вернљ на мојот музички правец затоа што сакам да правам музика според мојот сензибилитет. Не купувам нови трендови и жанрови кои се популарни, но очигледно има многу луѓе, всушност младите, кои ги слушаат. Секој може да наполни арена денес, тоа стана нормално, а порано беше вистинска реткост – вели пејачката и додава:

– Не сакам да снимам дуети, некако тоа не е мој стил. Имаше понуди од колеги, ги одбив сите, не затоа што го кренав носот, туку затоа што не се гледам себеси така.

Да потсетиме дека Калиопи неодамна требаше да одржи концерт во салата на МТС, но поради трагичен настан, настапот беше откажан.