Асоцијација на фармери од Баварија се заканува дека ќе го блокира снабдувањето со храна во Германија и ќе ги остави празни полиците на супермаркетите доколку Владата не ги исполни барањата на протестите на земјоделците и не ги повлече субвенциите за земјоделскиот дизел.
„Досега се воздржувавме од блокирање на инфраструктурата, како што е снабдувањето со храна. Но, не дозволуваме да не откорнат од нашите џебови за приход од неколку месеци“, порачаа тие.
„Ќе ги прекинеме нашите активности само кога ќе се повлечат двете мерки – данокот за возила и укинување на субвенциите за дизелот во земјоделството“, изјави претседателот на здружението „Гунтер Фелснер“ за Augsburger Allgemeine.
Според локалните медиуми, таканаречената владина коалиција – „Семафор“, сака барем делумно да го откаже планираното намалувања на субвенциите за земјоделците.
Според тоа, како што соопшти федералната Влада во четвртокот, не треба да има укинување на даночното ослободување за земјоделските возила. Укинувањето на даночните субвенции за земјоделскиот дизел нема да се спроведе во еден чекор, што е недоволно за земјоделците.
„Од една страна, протестите јасно покажаа дека земјоделството е загрижено и дека многу земјоделци се немирни. Од друга страна, тие исто така јасно ставија до знаење дека земјоделството и претставниците на неговите здруженија имаат многу малку да понудат во однос на конструктивни решенија, освен најмал заеднички именител да се биде против тоа“, изјави за Bild земјоделскиот економист, Алфонс Балман.
Министерот за финансии на Германија, Кристијан Линднер (45 г.), најави дека во понеделник ќе се соочи со протестите на земјоделците и ќе одржи говор пред портата „Бранденбуршка“. Канцеларот Олаф Шолц само минливо се осврна на протестите на прес-конференцијата на „Дојче Бан“ во четвртокот.
„Живееме во турбулентни времиња, тоа малку сме го слушнале, а тоа е дел од демократијата, да го кажете вашето мислење“, накратко изјави Олаф Шолц.
Пред само една недела, повеќе од сто земјоделци го блокираа кејот во Шлуцел (Северна Фризија) за да го пресретнат сојузниот министер за економија Роберт Хабек (54 г.).
Демонстрантите дури се обидоа да се качат на еден траект откако тој се закотви.