На 31 јануари во Словенија стапија на сила измените на Законот за семејство, според кои бракот е животна заедница на две лица, а на истополовите парови им се овозможува да посвојат дете.
Според овие измени, бракот веќе не се смета исклучиво за животна заедница само на маж и жена, туку за животна заедница на две лица.
Оваа одлука на Twitter ја поздрави и министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
„Словенија се приклучи на најнапредните и најотворените демократии во светот со целосно изедначување на правата на истополовите партнери со правата на жените и мажите при стапување во брак“, напиша таа.
Уставниот суд нареди рок од шест месеци за отстранување на утврдената неуставност.
Измените значат дека бракот е животна заедница на две лица, без разлика на полот, а истополовите партнери во граѓанско партнерство можат заеднички да посвојат дете под исти услови како и хетеросексуалните брачнитдругари.
Со измените на законот кои стапија на сила вчера, истополовите партнери во брак или соживот се еднакви со заедницата на маж и жена по сите правни последици од Законот за семејство и другите правни области, вклучително и условите за посвојување на дете.