ИСТОРИСКА ОДЛУКА! Одобрен нов закон – Естонија стана првата централноевропска земја во историјата што ги легализираше истополовите бракови

Парламентот на Естонија во вторникот го одобри законот за легализирање на истополовите бракови, со што Естонија стана првата централноевропска земја во историјата што го направила тоа.

Истополовите бракови се легални во поголемиот дел од Западна Европа, но не и во земјите од Централна Европа кои некогаш беа под комунистичка власт и членки на Варшавскиот пакт предводен од Москва, но сега се членки на НАТО и поголемиот дел во Европската унија (ЕУ).

Мојата порака до Централна Европа е дека тоа е тешка борба, но бракот и љубовта се нешто што треба да го промовирате“, изјави премиерката Каја Калас по гласањето.

Ние се развивме многу во 30-те години откако бевме ослободени од советската окупација. Еднакви сме со земјите кои споделуваат исти вредности“, нагласи таа.

Предлог-законот освои 55 од 101 глас во парламентот, од коалицијата на либералните и социјалдемократските партии што Каја Калас ги собра по убедливата победа на изборите во 2023. Законот ќе стапи на сила во 2024 година.

Во претежно секуларната балтичка земја со 1,3 милиони жители, 53 отсто од населението ги поддржаа истополовите бракови во истражувањето на Центарот за човекови права во 2023 година.

Сепак, 38 отсто од Естонците сè уште сметаат дека хомосексуалноста е неприфатлива. На истополовите бракови се спротивставува руското малцинство, кое сочинува четвртина од земјата, додека само 40 отсто ги поддржуваат.

Летонија и Литванија, другите две балтички земји кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз, имаат закони за истополови партнерства кои се во застој во нивните парламенти.

ЕстонијаКаја Калас