Шведскиот истражител Матс Љунгквист денес изјави дека истрагата на неговата земја за саботажата на гасоводот „Северен тек“ е во чувствителна фаза и дека се надева дека таа ќе биде завршена пред крајот на годината.
„Се надеваме дека наскоро ќе ја завршиме истрагата, но има уште многу да се направи и ништо нема да се случи во следните четири недели“, изјавил Матс Љунгквист за медиумксата агенција Reuters.
Тој прецизирал дека завршувањето на истрагата подразбира и одлука за поднесување обвинителен акт.
Тој додал дека соработува со германските власти, но одбил да даде дополнителни детали поради шведските правила за доверливост на истрагата.
За потсетување, во септември 2022 година се случија подводни експлозии кои ги оштетија гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои ги поврзуваа Русија и Германија преку Балтичкото Море.