– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, против 25-годишник од Скопје, кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога – марихуана и две рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун.
Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, при претресот била пронајдена и одземена и дигитална вага со траги од марихуана и кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоци.