На социјалните мрежи се појави видео од спуштање на GoPro камера во најдлабоката јама во САД , а на повеќето гледачи им влета страв во коските. Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката јама во САД, а снимката е воодушевувачка и неверојатна.
Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решија и да повторат.
Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштањето на камерата во јамата на нивниот профил.
Тоа е Фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабоката јама за слободен пад во Долниот дел, со пад од неверојатни 179 метри.
Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решија таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.
На снимката потоа се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што камерата полека се ротира како резултат на спуштање на долга жица закачена на електрична дупчалка.
Спуштањето на камерата ве тера да го задржите здивот, како хорор филм, загрижени дека нешто ќе скокне од темнината.
За среќа ништо не се појави,
Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да излезе надвор.