Истражувањата покажуваат: Еве колку долго треба да се забавувате пред брак

Не постои магична формула за успешен брак, но научниците веруваат дека еден од факторите е доброто познавање на партнерот, а тие исто така знаат колку време е потребно за тоа.

Некои луѓе поминуваат недели, па дури и денови во врска и одлучуваат дека тоа е љубовта на целиот живот што ја крунисуваат со брак и живеат среќно до крајот на животот. Други се венчаваат по една деценија врска и набрзо потоа се разведуваат. 

Во неодамнешна анкета на нововенчани парови, беше откриено колку време во просек сопружниците поминуваат заедно пред да одлучат да го направат тој голем чекор.

Еден портал спроведе анкета на 4.000 задоволни сопружници. Испитаниците беа прашани за времето што го поминуваат со своите партнери пред бракот, а просекот е веројатно подолг отколку што мислевте.

Излегува дека паровите поминуваат 4,9 години во врска пред да стапат во брак.

Паровите поминуваат во просек 1,4 години (17 месеци) пред да започнат заеднички живот. Потоа живеат заедно околу 1,83 години (22 месеци) пред да се свршат. Времето што го поминуваат заедно како свршени е 1,67 години (20 месеци).

Ова значи дека вкупното просечно време на заеднички живот пред бракот е 3,5 години.

 

Истражувањето откри и некои други интересни статистики како што е времето потребно на мажите и жените да го кажат судбоносното „Да“.

Жените денес стапуваат во брак на просечна возраст од 30,8 години, додека во 1970-тите таа бројка изнесувала 22,6 години. Кај мажите, денешниот просек е 32,7 години, што е осум години повеќе од мажите кои стапувале во брак во седумдесеттите години од минатиот век.