Моќта на бојата на облеката што ја носиме е докажана со истражување кое откри дека не само што сме најпривлечни за другите, туку и изгледаме најпаметни и најсигурни во облека со одредена боја.
Големото истражување на британската онлајн продавница buytshirtsonline.co.uk во кое учествуваа повеќе од 1.000 испитаници бараше одговори за тоа како ги поврзуваме боите со одредени квалитети.
Во сите позитивни категории црното го освои првото или второто место, поточно беше заклучено дека луѓето кои носат црна облека, и жени и мажи, ги перципираме за најпривлечни, најинтелигентни и најсамоуверени.
Во категоријата самодоверба црвената боја беше на второ место, но и на прво место во категоријата ароганција. Исто така, само 12 отсто од испитаниците го поврзувале црвеното со интелигенција. Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни.
Сепак, црвената е второпласирана во категоријата привлечност, па е веднаш зад црната, додека третата боја е сината. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни.