Дали сте ладнокрвен психопат? Одговорот би можел да биде во ваши раце, пишува Њујорк пост.
Истражувачите од Канада ја анализираа должината на прстите на волонтери со клинички дијагностицирани психијатриски проблеми за да утврдат дали психопатијата е „биолошки вкоренета“.
Тимот открил дека оние чии показалци биле пократки од домалиот прст имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со психијатриско нарушување.
Резултатите од студијата се објавени во The Journal of Psychiatric Research.
Тимот го започна истражувањето со напомена дека веќе е познато дека оние со пократок показалец и подолг домал прст почесто се поврзуваат со особини на „темна тријада“ и агресивно однесување.
Карактеристиките на „темната тријада“ се „јасно социјално непожелни ставови, како што се макијавелизмот, нарцизмот и психопатијата“.
Утврдено е и дека луѓето кои имаат високи резултати на скалата „темна тријада“ имаат, на пример, силна ментална цврстина и одлични спортски резултати, но и нетолеранција кон неизвесност, честа вознемиреност и недостаток на емпатија и манипулативност.
Во истражувањето учествувале 80 волонтери – 44 со психијатриски проблеми и 36 здрави лица без дијагностицирани психички состојби.
Анализата на нивните раце потврди дека „во споредба со здравите луѓе, луѓето со клинички дијагностициран психијатриски проблем најверојатно имаат пократок показалец и подолг домал прст“.
Од друга страна, еден од авторите на студијата, Серж Бренд, вели дека луѓето со пократки показалци не треба да се вознемируваат бидејќи оваа појава често се поврзува со сосема здрави луѓе.
TRT Balkan