Истражување на Гринпис: НАТО се уште има голема воена предност пред Русија

НАТО и понатаму задржува значителна воена предност пред Русија, иако Москва вложува напори во модернизацијата на своите вооружени сили се вели во најноввата студија нарачана од Гринпис, невладино меѓународно здружение на еколошки активисти.

Истражувањето, открива дека НАТО трошат десет пати повеќе за одбрана отколку Русија. Во текстот се вели дека иако се направени големи напори од страна на Кремљ за модернизација, Русија не може да ја достигне воената моќ на НАТО во наредните 10 години.

Анализите покажале и дека НАТО има значајна предност во бројот на воени системи но алијансата е доминантна и во останатите области на вооружување.

Авторите на студијата исто така потврдуваат дека НАТО има поголем број војници под оружје и многу поголеми резерви, што ја зголемува нејзината способност за ефикасна одбрана.