Четири од пет луѓе сакаат нивната земја да ги зајакне своите заложби за справување со климатските промени, според глобалната анкета на 75.000 учесници објавена денеска.
Истражувањето на Програмата за развој на ОН, Универзитетот во Оксфорд и Геопол постави 15 прашања со рандомизирани телефонски повици до луѓе во 77 земји кои претставуваат 87 отсто од светската популација.
Заклучокот беше дека 80 отсто од испитаниците сакаат нивните влади да ги зголемат напорите за борба против глобалното затоплување.
Во посиромашните земји тој процент е 89 отсто додека во богатите земји од Г20 (76 отсто), според истражувањето.
Кина (73 проценти) и САД (66 проценти) – најголемите светски емитери на стакленички гасови – исто така забележаа мнозинство од испитаниците за климатски активности.
Мнозинството од испитаниците во 62 од 77 анкетирани земји рекоа дека поддржуваат брза транзиција од фосилни горива кон чиста енергија. Меѓу нив беа Кина (80 отсто) и САД (54 отсто), но во Русија само 16 отсто од учесниците во анкетата беа „за“.
Се зголемија и грижите за глобалното затоплување, покажа истражувањето, при што 56 отсто изјавиле дека размислуваат за климатските промени барем еднаш неделно. Над половина (53 отсто) од анкетираните рекле дека се позагрижени за климатските промени отколку лани, во споредба со 15 отсто кои рекле дека се помалку загрижени. Мнозинството луѓе на глобално ниво сега размислуваат за климатските промени дневно или неделно
Водечки во порастот на климатската вознемиреност е Фиџи, каде 80 отсто се позагрижени во споредба со пред една година, а потоа следат Авганистан (78 отсто) и Турција (77 отсто).
Саудиска Арабија забележа најмал пораст на климатските стравови, со 25 отсто повеќе загрижени, а потоа следат Русија (34 отсто), Чешка (36 отсто) и Кина (39 отсто).
Повеќе од две третини од испитаниците во истражувањето (69 проценти) рекле дека глобалното затоплување влијаело на нивните животни одлуки, како што се каде да живеат или работат и што да купат.