Повеќе од еден милион долари се украдени од авионот „Фалкон 10“ кој се урна во Авганистан додека превезуваше руски државјани , јавува Хашт-е Суб, повикувајќи се на извори во провинцијата Бадакшан.
– Од соборениот руски авион украдени се 1.200.000 американски долари – јавуваат локалните медиуми.
По кражбата, талибанскиот гувернер на провинцијата Бадакшан, во име на шефот на привремената влада на Авганистан, Мохамад Хасан Ахунд, формираше комисија за спроведување истрага. На чело е шефот на локалната разузнавачка служба.
Дополнително, се наведува дека талибанците , блиски до началникот на Генералштабот на вооружените сили на Авганистан, први пристигнале на местото на несреќата.
„Фалкон 10“ се урна во неделата во планините на авганистанската провинција Бадакшан. Авионот извршувал приватна медицинска евакуација од Патаја во Тајланд до Москва .
Во авионот имало шест лица: четворица членови на екипажот (двајца пилоти и двајца лекари) преживеале, додека двајца патници – сопружниците Ана и Анатолиј Евсјуков од Волгодонск, загинале во несреќата .
Извор во круговите на руската авијација можната причина за падот ја нарече грешка во пресметката на горивото , што можеше да биде недоволно поради силните ветрови.
Како последица на несреќата е поведена кривична постапка за прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и работењето на воздушниот сообраќај, што резултирало со смрт на две или повеќе лица од невнимание.