ИСЧЕЗНАЛА ДЕВОЈКА ВО БЕЛГРАД: Го оставила телефонот дома! Семејството, училиштето и пријателите ја бараат

Малолетната Маша Миљковиќ (13) од Миријев утрово исчезнала, а нејзиното семејство објавило апел за помош за што поскоро пронаоѓање.

Како што рекол таткото на девојчето, нејзиното исчезнување го забележала нејзината мајка.

– Утрово таа нормално си ја вршеше домашната задача во својата соба и кога се врати сопругата ја немаше – рекол тој. Според неговите зборови, девојката го оставила телефонот во куќата и со себе зела ранец, но не и книги.

Како што објаснил таткото, претходната вечер имале недоразбирање за „детски пакости“.

Контактирал со пријателите на ќерката и со нивните родители, но засега никој нема корисни информации.