Полицијата трага по исчезната девојка од струшко. Случајот во полициска станица го пријавил нејзиниот татко. Во полициската станица Струга, вчера во 10 часот нејзниот 50 годишен татко пријавил дека од селото Лабуништа, од домот се оддалечила неговата ќерка на возраст од 18 години. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.