Прашина, смог, чад од тутун, мувла, штетни микроорганизми… ја загрозуваат работата на белите дробови, а последица е намален внес на кислород, како и отежнато дишење.
Долготрајното вдишување на нездрав воздух може да ги оштети белите дробови и да предизвика појава на хронични болести, како што се астма и бронхитис. Бидејќи белите дробови се еден од најважните органи во телото, тие треба да се грижат и да се одржуваат во добра состојба. Добро решение се планинскиот и морскиот воздух, како и одредени намирници, есенцијални масла или вежби за дишење, кои ги подмладуваат белите дробови и целиот респираторен систем.
Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир е одлично средство за чистење на белите дробови од различни токсични материи и многу се препорачува за овие цели. Сувиот ѓумбир во прав е совршено погоден за подготовка на чај. Може да се користи и свеж, со тоа што тогаш е подобро да се јаде парче свеж ѓумбир со чај или за време на оброк.
Чај од коприва
Нашироко е познато дека копривата е ефикасен природен лек за прочистување на крвта и добар извор на железо, но помалку е познато дека чајот од коприва ги чисти белите дробови. Затоа е добар избор за пушачите, на кои им треба повеќекратно средство за чистење на телото .
Чај од борови иглички
Пиењето на овој чај го поттикнува лачењето на слузта наталожена во белите дробови и синусите, а корисен е и за вдишување. Затоа, пред да го испиете чајот, додека е уште топол, обидете се да вдишите што повеќе ароматична пареа.
Вдишување со есенцијални масла
Вдишувањето е уште еден начин за чистење на белите дробови и дишните патишта, а првиот избор се есенцијалните масла од еукалиптус и чемпрес. Нанесувањето е едноставно, ставете неколку капки масло во зовриена вода и потоа вдишете додека не излезе пареата. Сепак, бидете внимателни, овој метод во никој случај не е добар за астматичари.
За чистење на белите дробови се препорачуваат лук и црн кромид, мед, сок од брусница, свеж морков и друга храна богата со антиоксиданси. Врз основа на резултатите од одредени научни тестови, посебен акцент беше ставен на портокалите.
Што треба да се избегнува?
Млекото, млечните производи и мрсната храна го зголемуваат производството на слуз во белите дробови и ги блокираат дишните патишта, па затоа треба да се избегнуваат за време на чистењето на белите дробови. Не претерувајте ниту со слатките.
Вежби за дишење
Уметноста на длабокото абдоминално дишење (од стомакот) е одличен начин за чистење и подмладување на белите дробови. Континуираното и дисциплинирано вежбање го зголемува капацитетот на белите дробови и го зајакнува ткивото на белите дробови, а околу 30 минути вежбање дневно може значително да го зголеми количеството на кислород што преку белите дробови влегува во крвотокот.