Во пресрет на Бадник, Италијанец од градот Албосаги во провинцијата Сондрио, случајно фрлил два плика со вкупно 2.000 евра во корпа за отпадоци, но дежурните работници од компанијата за собирање отпад му помогнале и ги пронашле во купoт ѓубре.
Парите биле подарок од неговите баба и дедо за неговиот роденден и Божиќ на неговата 10-годишна ќерка, 1.500 евра во првиот и 500 во вториот плик.
Како што објави Кориере дела Сера, таткото требало да ги депонира парите на штедна книшка за идните трошоци за факултет.