Необична приказна доаѓа од Рим, каде Барбара Јоеле (50) била фатена во невидена измама.
Жената не сакала толку да оди на работа што лажирала 12 ризични бремености и пет породувања, во периодот од 2014 до 2019 година.
Но, имало и друга причина, бидејќи жената истовремено собрала 111.000 евра од Националниот институт за социјално осигурување (ИНПС), пренесува La Repubblica.
Надлежните се посомневале дека нешто не е во ред, бидејќи пет години по ред „изнудувала“ бременост.
Од друга страна, се трудела се да изгледа веродостојно, па децата имале дури и имиња (Бенедета, Анѓелика, Абрамо, Летиција и Исмаеле) и даночни броеви.
Инспекцијата решила да им излезе во пресрет на најмалите, а потоа ја сфатиле измамата на жена која е вработена во синџир за брза храна.
Истрагата им била доверена на карабинерите, а наводно таа користела фалсификувани документи за „автентикација“ на породилното отсуство, вклучувајќи лекарски уверенија со печати и потписи.
Таа е осудена на една година и осум месеци затвор, а нејзиниот сопруг исто така ќе помине седум месеци зад решетки.
Во образложението на пресудата, судиите напишаа:
– Неспорно е дека учествувале во кривичното дело тешка измама на штета на јавен орган.
Жалбената постапка е во тек, бидејќи бранителот веднаш реагираше, а локалниот завод за социјално осигурување најавува дека ќе бара враќање на секој цент.