Италијански Дизниленд! Забава за децата, а адреналинот скока кај постарите! Авантура, фантазија и „возење на смртта“

Ексклузивно, атрактивно и чудесно. Три збора кои најдобро го опишуваат Гардаланд, еден од најголемите забавни паркови во Европа.

За оние кои сакаат места каде што ќе добијат адреналин, секој што е љубител на фантазијата и спектаклот, местото до Верона, на брегот на езерото Лаго ди Гарда, е како да е „нацртано“. Но, мора да се подвлече дека паркот е идеален и за млади и за стари, односно за сите генерации

Секоја година низ италијанскиот „Дизниленд“ поминуваат три милиони луѓе, а оваа одлична дестинација привлекува толку голем број посетители поради својата разновидна понуда.

Овој магичен парк во Италија е поделен на три зони: адреналин, авантура, а има и дел посветен на фантазијата.

Најголема атракција за зависниците од адреналин е тобоганот наречен „Blue Tornado“. Тоа е еден од најбрзите тобогани во паркот, на кој за време на возењето се тркате со над 80 km/h, постојано се вртите наоколу и чувствувате лажни судири со земјата. Уште еден ролеркостер, кој не смее да се пропушти, е „Мамут“. „Возот на смртта“ навистина остава без здив, иако на прв поглед изгледа сосема безопасно. Неизбежни се пискотниците и врисоците.

Има и атракции како „Вселенско вртоглавица“, а за „Колорадо“ и „Фуего дел Атлантида“ во лето се оди во костим за капење, бидејќи по стрмен пад се заканува прскање на „бранови“ од страна. „Magic House“ и „Monoreil“ целосно ќе ги задоволат малку помирните.

Не треба да се пропуштат ниту „Jumanji Adventure“ и „Pirate Island“. Ќе патувате низ времето, а на моменти ќе ги исплашите чудовиштата околу вас, мечот на еднооки пирати и сето тоа ќе го доживеете како да сте во тој „филм“. Тука е и „Летечкиот остров“, кој како балон ве крева и имате феноменален панорамски поглед на паркот, но и најголемото езеро на Апенинскиот полуостров, Лаго ди Гарда.

Веднаш до Гардаланд има и голем аквариум „Sea Life“, каде што можете да видите голем број морски суштества во подводен тунел. Посебно искуство е тоа што над вашите глави пливаат зраци и ајкули.

Што се однесува до работното време, паркот е затворен во текот на зимските месеци, освен за некои празници. Цената на билетите е 56 евра за стари лица и 50 евра за деца до 10 години.