Светски тенисер Новак Ѓоковиќ морал да биде пренесен во медицинскиот центар откако бил удрен со шише со вода од трибините во главата .
Организаторите изјавиле дека инцидентот се случил случајно, кога еден од навивачите се наведнал преку оградата за да му даде книга да потпише, а во таа прилика од неговиот ранец испаднало алуминиумско шише со вода и го удрило Ѓоковиќ во главата.
„ Ви благодариме за пораките. Ова беше несреќен случај и добро сум, се одмарам во хотел со ледена обвивка. Се гледаме во недела “, напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа Х, а еден ден подоцна се појави на тренинг и по тој повод навивачи – со кацига на главата.
Оваа симпатична ситуација на социјалните мрежи ја сподели и Марио Фери Фалко , човекот кој се огласи и му се извини на Нолет за ненамерниот инцидент.
„ Ха-ха, денес ќе го фрлам мојот ранец директно на тебе “, напишал Марио на Инстаграм.
Ѓоковиќ во недела во третото коло на Мастерсот во Рим ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табило.