Во третото коло од квалификациите од Групата I за Светското првенство во 2026 година, норвешката фудбалска репрезентација ја декласираше Италија со резултат од 3:0.
Норвежаните го отворија натпреварот на фантастичен начин и поведоа во 14-тата минута преку Александар Сорлот, а 20 минути подоцна Антонио Нуса постигна фантастичен гол по соло удар и го дуплираше водството на домашниот тим.
Проблемите на „аѕурите“ не завршија тука, бидејќи Ерлинг Халанд исто така се запиша во листата на стрелци во 42-та минута од натпреварот, поставувајќи го резултатот во првото полувреме.
Норвежаните се лидери во Група I со девет бода од три одиграни натпревари, по нив следува Израел со шест од исто толку одиграни натпревари, додека Естонија е трета со три бода од три натпревари. Италија е четврта без бодови од еден одигран натпревар, а Молдавија е на дното без бодови.
Во следното коло, Норвешка ќе игра против Естонија во понеделник, додека Италија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Молдавија на домашен терен.